Каракачанов поднесе оставка: Не отстапувајте од заштитата на бугарските интереси во Македонија

Зоран Заев и Красимир Каракачанов
Зоран Заев и Красимир Каракачанов / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Претседателот на бугарското ВМРО, Красимир Каракачанов, денеска поднесе оставка од функцијата поради слабите резултати на партијата на вчерашните парламентарни избори, јави „Медиапул“.

Покрај него, оставки дадоа и неговите заменици – европратеникот Ангел Џамбаски, потоа Искрен Веселинов, Атанас Стојанов и Милен Михов. Стојанов, кој е градоначалник на Сандански, неколку часа пред оставката беше уапсен за купување гласови и задржан на 24 часа.

Каракачанов во последната политичка Влада беше вицепремиер и министер за одбрана. Тој, заедно со Џамбаски, е еден од најгласните пропагатори на тезите за бугарскиот идентитет на Македонците и за целосно „бугарска“ историја на македонското подрачје.

ВМРО зеде само околу 1 отсто од гласовите, според сегашните неофицијални резултати, што е далеку под цензусот за влез во парламентот. И на вонредните избори во јули не успеаја да влезат во парламентот.

Каракачанов, и покрај оставката, ги повика партиите што ќе влезат во парламентот да не отстапуваат „од заштитата на бугарските интереси во Македонија“.

– Кауза, што ние ќе продолжиме да ја браниме по цената на сè, напиша Каракачанов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот