Каракачанов: Никаде не кажав дека имињата се на македонски пратеници, но од ДПМНЕ се препознаа

По бурните реакции од својата објава на Фејсбук, каде со име и презиме прозва повеќе македонски политичари дека имале бугарско државјанство и ги повика да гласаат на престојните парламентарни избори во земјата, бугарскиот министер за одбрана и потпретседател на бугарската Влада, Красимир Каракачанов, ретерира и дообјасни.

„Јас никаде не сум кажал или напишал дека имињата што ги објавив се на македонски пратеници или функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Едноставно тие имиња мене ми зборуваат нешто. Не знам зошто се случуваат тие бурни реакции. Не сум рекол дека тие се пратеници, но од ДПМНЕ се препознаа. Секој може да влезе во избирачките списоци во Бугарија и да види дали тие имиња ги има таму. Тоа не е тајна информација и секој може да ја провери. Повторувам дека не тврдам дека тие имиња што ги објавив се пратеници или функционери на ВМРО-ДПМНЕ, но морам да кажам дека во избирачките списоци за претстојните избори во Бугарија има уште многу интересни имиња. Секој кој што сака да се позанимава истите може да ги види објавени на интернет од страната на Централната избирачка комисија без никаков проблем“, изјави министерот Каракачанов за порталот Трибуна.мк.

Каракачанов откри кои македонски политичари имаат бугарски пасоши и ги повика во Бугарија да се вакцинираат и да гласаат

ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов лаже дека имаме бугарски државјанства

Петар Богојески ги отфрли наводите дека поседува бугарски пасош

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот