Петар Богојески ги отфрли наводите дека поседува бугарски пасош

фото Архива

Петар Богојески од Македониски концепт ги отфрла лажните наводи и невистини изнесени од бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов дека Богојески има бугарски пасош.

– Каракачанов веќе ја преминува црвената линија. Со овие удбашки методи на црнње на моето име ништо нема да постигнеш, напротив уште повеќе ме мотивираш да ве направам турска туршија или да ве растурам како бугарска скупштина, изјави Богојески.

Каракачанов откри кои македонски политичари имаат бугарски пасоши и ги повика во Бугарија да се вакцинираат и да гласаат

„Нападот против Богојески започна со лаги дека е кадар на Каракачанов во Македонија и дека е финансиран токму од него, потоа продолжи со невистини дека Каракачанов го школувал Богојески во Бугарија и му давал стипендија, па повторно лаги за фиктивна средба на Пироска 5 и престој на Петар Богојески во апартманите на Каракачанов, лаги и манипулации дека има Бугарски пасош уште од 2002 година, за да денес дознаеме од истиот Каракачанов дека Богојески има пасош на Обориште.“

– Дај еднаш договорете се бугарските болшевици помеѓу себе, кои лаги ќе ги ширите за мене, вака ептен е непријатно да бидете цело време фаќани во лага! Целата пропаганда во Македонија ви е базирана на лаги, на фалсификувани документи, фалсификувани докази, затоа и ништо не ви поминува. И нема да ви помине, додава Богојески.

Богојески го повика Каракачанов да потврди дека навистина е тој споменатото лице Петар Богојески. Во тој случај ако се потврди за точно да му додели бугарски пасош по брза постапка, во спротивно ќе отпочне судска постапка каде Каракачанов ќе треба да ги докаже сите лаги и клевети изнесени за Богојески.

–Ако ми дадеш пасош следните денови и ме внесеш во избирачки список, за жал нема да гладам за ниту една болшевичка опција во која за жал си и ти, а ќе гласам за вистински европски политичари во Бугарија кои знаат што значи проширување на ЕУ на Балкан, заклучи Богојески.

ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов лаже дека имаме бугарски државјанства

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот