Каракачанов има внук, ќе се вика Гоце Делчев: „Нека знаат скопските манипулатори“

фото: Фејсбук

Лидерот на бугарската крајнодесничарска партија ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, на социјалните мрежи објави дека по втор пар станал дедо „на мал јунак со легендарно историско име – Георги Делчев Николов“.

Во објавата, Каракачанов упатува и порака до властите во Скопје околу „сопственоста“ врз револуционерот.

„Дури и на скопските манипулатори веќе треба да им биде јасно чиј е Гоце Делчев!“, пишува поранешниот бугарски министер за одбрана, познат по тврдите ставови за бугарско-македонскиот спор.

Во соопштението, тој пишува и дека му посакува на внукот Георги Делчев, од неговата ќерка Деница и зетот Никола „здравје, сила и храброст“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот