Капарос пред клучната битка: Ќе играме со голема желба против Македонија!

Ерменскиот селектор Капарош се надева на добар резултат во Скопје/Фото: ffa.am

Вчера се одигра и петтото коло од групата „2“ во Лигата Ц во кое Македонија на домашен терен со 2:1 ја совлада Естонија, а Ерменците беа подобри од Грузија (1:2).

Грузијците испаднаа од трката за првото место кое во води во повисокиот ранг „Лига Б“, па така во директна битка за врвот ќе решаваат Ерменија и Македонија в среда од 18.00 часот во Никозија, Кипар.

Шпанецот Жоакин Капарос е на селекторската клупа на ерменската репрезентација и посакува на крајот успешно со триумф да дојде до првата позиција во групата.

– Имавме одличен натпревар против Грузија, овие играчи покажуваат голема љубов кон националниот дрес и храброст да се брани честа на земјата. На секој меч одиме на победа. Знаевме дека ќе ни биде тешко против Грузијците кои се многу силна репрезентација.

Но, тешко ќе ни биде и против Македонија. Сите репрезентации во оваа група се еднакви, со еднакви можности. Со голема желба и сон ќе се подготвуваме за нашиот следен ривал. Македонците имаат силен тим, но ќе го дадеме максимумот за на крајот да успееме. Не се враќаме во Ереван, туку директно одиме во Кипар – вели селекторот на Ерменија, Капарос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот