Канје и Ким ги претставија новите влечки кои станаа предмет на потсмев на социјалните мрежи

Instagram
Раперот и кандидат на неодамнешните претседателски избори во Америка, Канје Вест (43) можеби во минатото се борел за егзистенција, но денес, според последните информации на списанието „Forbes“ неговото богатство се проценува на околу 1.3 билиони американски долари.

Вест во последните неколку години покрај музиката, почна активно да се занимава и со мода. Тој соработуваше со познати компании како „GAP“ и „Adidas“. И секоја негова колекција и креација предизвикува бурни реакции.

Instagram
Instagram

Минатата година, кога ги претстави своите „визионерски“ патики кои чинеа околу 330 евра за многу кратко време стана мета на социјалните мрежи. Многумина буквално го мразеа и исмеваа неговиот „моден изум“. Потоа откако станаа лесно достапни, патиките се распродадоа за неколку минути.

Оваа недела со неговата сопруга Ким Кардашијан Вест (40) ги претставија најновите влечки „Yeezy 450“ кои станаа вирален хит.

Instagram
Twitter

Влечките предизвикаа многу смешни реакции. Многу луѓе почнаа да ги споредуваат со влечките од познатиот бренд „Crocs“ кои се далеку поевтини а како да станува збор за истиот гумен материјал само со различен дизајн.

На социјалната мрежа „Twitter“ почнаа да се шегуваат за „ужасниот“ дизајн, дури почнаа да ги споредуваат со некои грицки за кои сметаат дека очигледно му биле инспирација на Вест:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот