Канатларовски: Би сакале да го повториме успехот од 2017 и пласманот на ЕП во Полска

канатларовски
фото: ФФМ

Младата репрезентација на Македонија до 21 година во воведното коло од квалификациите за пласман на ЕП 2025 играат против селекцијата на Шведска на гостински терен. Натпреварот на програмата е на 8 септември, во Јенчепинг, со почеток од 18.00 часот.

Четири дена подоцна, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје, во 15.30 часот го пречекуваме фаворитот во групата, селекцијата на Холандија.

Селекторот на нашата У21 репрезентација, Драги Канатларовски, даде свој коментар околу составот со повикани фудбалери и ги сподели своите очекувања за претстојните квалификациски натпревари.

– Одлично функционираме како тим, се надевам дека ќе го продолжиме трендот на позитивни игри и резултатити и во воведните кола на овој квалификациски циклус. Сакаме на мечевите со Шведска и Холандија да освоиме што е можно повеќе бодови, а секако најсреќни би биле доколу ги освоиме и сите шест бода. Располагаме со квалитетна група на млади, но веќе докажани фудбалери како во репрезентацијата, така и во клубовите. Би сакале да го повториме успехот од 2017 година и пласманот на Европското првенство во Полска. Овие играчи не се веќе само таленти, туку се и изградени фудбалери. Тоа е мојот став, ако сакаме успех, мора да веруваме максимално во себе, да бидеме подготвени на борба и да фукнционираме како колектив тоа мојот став – вели Канатларовски.

Собирот на репрезентацијата на Македонија до 21 година е на 3 септември, во 12.00 часот во хотел Парк, во Скопје.

– Најпрво треба да се фокусираме на првиот натпревар, на гости против силниот тим на Шведска. Имавме доволно време да го анализираме составот на Шведска, нивниот начин на игра. Добро е кога ќе можеш да ја препознаеш играта на противникот, но најдобро е кога се познаваш себе и своите квалитети. Ја искористивме изминатава година да одиграме што повеќе натпревари и да се подготвиме што е можно подобро за предизвиците што нè очекуваат во овие квалификации. Одигравме дванаесет контролни меча, во кои одлично се запознавме со карактеристиките на играчите и ја одредивме формацијата и тактитката за претстојните натпревари – се зборовите на Канатларовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот