Камерите го фатиле како краде вреќи цемент од градската депонија во Дебар
Безбедносните камери поставени неодамна на градската депонија во Дебар „уловиле” лице како краде вреќи со цемент што се дел од градежниот материјал кој се користи во изградбата на оградата на депонијата.
Препорачано
Како што информираа од Општината, во тек е постапка за утврдување на идентитетот на лицето по што против него ќе се превземе соодветна законска постапка.
На градската депонија се спроведуваат активности за нејзино уредување, но и поголема контрола врз неа, што е последователна активност на локалната власт во напорите за почист град.
На овој начин, ќе се минимизираат и честите проблеми, како што се палење на отпадот, депонирање отпад без критериуми во и надвор од депонијата.
По поставувањето на безбедносни камери и светилките, во тек е изградба на бетонска ограда со рампа на влезот, додека другиот дел од депонијата ќе биде ограден со челична жица.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
3час
-
3час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


