Камчев: Загриженост на НАТО за дезинформациите кои ги шират Кина и Русија на Балканот

-НАТО алијансата е загрижена за дезинформациите што Кина и Русија ги шират. Постои голема загриженост за тоа и она што се случува во Русија им „оди на нерви“ во НАТО. Од таму потврдија дека на некој начин ќе се обидат да ги поттикнат медиумите во Западен Балкан да ги одвратат од таквите информации. Тука спаѓа и Северна Македонија секако, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, во телефонскиот разговор од Вашингтон, новинарот Борис Камчев.

На сметка на Трамп пристигнуваат голем број критики во однос на тоа како се справува со кризата предизвикана од коронавирусот.

-Точно е дека малтене Трамп се постави како авторитарен лидер со некои изјави. Гувернерот на Њујорк му одговори дека не е работа на претседателот дали економијата треба и кога би била отворена. Коронавирусот прави голема штета на економијата во светот, со тоа и САД. Има големи критики до Трамп како тој се справува со Ковид-19.

Ненси Палоси побара да се каже вистината за вирусот. Го оцени Трамп како неспособен човек и слаб лидер. Со ширењето на КОВИД-19 се рашири и поделеноста во американското општество. Но тоа не е само на политички план, туку пред се за начинот на справување со кризата, вели Камчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот