Камчев е на слобода, скратена му е затворската казна

Фото:Слободен печат/Арбнора Мемети

Бизнисменот Орце Камчев веќе неколку дена е на слобода, без обврска да се појавува на спиење во затворот во Струга, каде по промената на адресата ја отслужуваше затворска казна.

Ослободувањето се случило откако побарал спојување на двете затворски казни, едногодишната за „Империја“ и онаа за „Плацеви на Водно“, па наместо две години, Камчев добил заедничка казна намалена за четири месеци и се најде на слобода по година и осум месеци.

Обвинителството не поднело жалба на барањето на Камчев за спојување на казните, бидејќи станува збор за редовна процедура во кривичниот суд. Во струшкиот затвор, Камчев казната ја отслужуваше само четири месеци, со обрска само да спие во затворот бидејќи беше сместен во отвореното одделение.

Според пресметката на „Фокус“, на Камчев од казната му остануваат уште само еден месец, бидејќи од казната му се одбива и времето кое го помина во притвор. Поточно бизнисменот за „Империја” беше 4,5 месеци во притвор, а за „Плацеви на Водно” 9,5 месеци, но излегол еден месец порано поради условниот отпуст од еден месец кој го добил од затворот.

Освен затворска казна од една година, според спогодбата која Камчев ја направи со обвинителството, треба да плати и 5,2 милиони евра отштета на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот