Проф. Гордан Калајџиев / Фото: Инфомакс / Политиканти / скриншот

Калајџиев: Власта притисна да се смисли обвинение за „Пулс“ со кое ќе се избегне политичката одговорност

„Целата приказна со Кочани е доста интересна и би можела да послужи како анализа за некои пошироки појави на целиот систем, огледало за добар дел од проблемите кои се нижат уште од истрагата“, рече професорот Гордан Калајџиев во гостување во подкастот „Политиканти“ на „Инфомакс“.

Тој коментираше околу водењето на постапката за катастрофалниот пожар во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 64 млади луѓе, а околу 200 беа повредени.

„Прво имаше непотребни притвори, многу процесни мерки кои се сензитивни не се извлекуваат од процесни причини, туку од политички. Мене ме мотивира да објаснам на пошироката јавност, која очигледно не ги познава проблемите, видовме до кој низок степен е кога роднините на загинатите и повредените покажуваат дека не ја знаат улогата на адвокатите, што во модерно општество е непристојно. Тој притисок доведува во изопачени појави во јавноста, на пример: 2% доверба во судството, што е неточно“, вели Калајџиев.

Според него, хроничниот проблем на нашето правосудство – послушноста кон извршната власт, сега е на загрижувачки степен.

„Обвинителството беше под притисок да смисли обвинение кое ќе направи да се избегне политичката одговорност. ОЈО покажува дека нема способност за контрола на полицијата, судот уште помалку, прва фаза беше контролата на обвинението. Не можете да отворите процес ако има проблематично обвинение, но правната фела не го одобрува концептот на ОЈО да се оди со толку широка одговорност, прво не е законски и правилно, второ дополнително ќе се компилицира сè. Ова ќе го пододложи проблемот, да се сврти вниманието од некои настани, кога ќе добиеме шамар, лош извештај од ЕУ“, вели професорот.

Тој го критикува и раздвојувањето на постапките за одговорноста на полицијата за трагедијата во Кочани.

„Овие постапки се погрешно поделени – една е групата на одговорност со самиот пожар, кој предизвикал, требало да спречи итн., тука полицијата има најголема одговорност. Тој дел на истраги е полесен, но очигледно дека таму во делот на одговорноста на полицијата нешто се крие, се мати, тука се менаџира кој би можел евентуално да се спаси. Прашање е дали може да се изменаџира тоа, тие и претходно сакаа да штитат свои структури, па ги жртвуваа за овие полициски службеници, но тоа тешко ќе се скрие. Вториот тип е кој сè делувал да настане пожарот и да има тешки последици, објектот, материјали, противпожарна заштита“, рече професорот.

Околу нападите на премиерот Христијан Мицкоски кон јавниот обвинител Љупчо Коцевски, Калајџиев вели дека „начинот на кој бил искористен јавниот обвинител Коцевски“ бил „беден“.

„ОЈО покажува дека е на некој начин на услуга на политичките власти, како и судството, „сака да им учини“. Ние традиционално имаме, ОЈО многу малку враќа кривични пријави од МВР, пола од случаите во полиција завршуваат матно, кога ќе дојде до судење, особено од кривичната сфера, редовно трпат влијание од политиката. Очигледно со позицијата на послушност на судот политиката не е докрај среќна – тие би сакале докрај да се заштитени, нивниот главен страв е што ќе биде кога ќе паднат од власт“, вели професорот.

Добар дел од судиите и обвинителите, според него, имаат интегритет, но никој не ги штити од „безобразните напади на извршната власт“.

Кочанските мајки не можат да пукаат во системот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот