Проф. Гордан Калајџиев / Фото: Инфомакс / Политиканти / скриншот

Калајџиев по најавите на Јаневска за „Ѕид на срамот“ за плагирани трудови: Си играте играчки!

Професорот по кривично право Гордан Калајџиев преку социјалните мрежи реагира на најавата на министерката за образование Весна Јаневска дека преку т.н. „Ѕид на срамот“ јавно ќе се истакнуваат докажаните плагијати во студентските трудови – од дипломски до магистерски работи.

„Постојат процедури како се стекнува магистратура и докторат (или учебник и сл.). Така постои и процедура за утврдување на плагијат и сл. “Sид на срамот” е импровизација. Не постои тело кое е квалификувано за такво нешто! Си играте играчки!“, напиша Калајџиев.

Министерката за образование и наука Јаневска на брифинг со новинарите неделава рече дека софтверот за веб-страницата „Плагијати.мк“, е застарен, а во план е догодина да се воведе т.н. „ѕид на срамот“, на кој јавно ќе се објавуваат плагијатите од дипломски до магистерски трудови.

Со новиот Закон за високо образование, и по изборот во редовно звање, професорите по шест години повторно ќе мора да поминат низ изборна постапка, а дури потоа ќе стекнат трајно вработување. Ова е една од новините која ја најави министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешниот брифинг со новинарите. Законот ќе биде деновиве објавен на ЕНЕР. Јаневска најави и дека догодина ќе се заостри борбата против плагијаторството.

„И мене како професор би ми било срам да ставам потпис на нешто што не вреди“, коментираше Јаневска.

Јаневска им објави војна на продавачите на магистерски трудови и докторати за 300 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот