Како правилно се негува бојадисаната црвена коса?

црвена коса

Црвената боја за коса е една од најатрактивните, а постојат нијанси кои одговараат на сечиј тен и секој може да го најде соодветниот за себе.

Она што е вистински предизвик е нејзиното одржување, бидејќи по 2-3 миења, оваа боја го губи сјајот, па потребно е почесто обновување.

Затоа е потребно да се избере пред сè, квалитетна боја за коса, а потоа и производи за нега кои се наменети токму за фарбана коса. Ако е потребно спроведете и мало интернет истражување и читајте што користат другите црвенокоси девојки.

Понатаму, обидете се што помалку да користите преси, фигара и фенови, а косата штитете ја од штетното УВ-зрачење. Не користете ниту парфимирани освежувачи за коса. Избегнувајте простории каде има чад од цигари, а исто така не е препорачливо да се капете во базени, поради концентрацијата на хлор во водата. Доколку сепак морате, заштитете со капа за капење.

Одржувањето на црвената коса е тешко, но доколку се потрудите, загарантирано ќе привлекувате многу погледи со својата појава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот