Како поранешниот претседател Барак Обама со еден телефонски повик ја спаси сезоната во НБА лигата

EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Сезоната 2019/20 во НБА лигата заврши со триумф на Лос Анџелес Лејкерс иако имаше две големи препреки, пандемијата на коронавирусот и бојкотот на екипите поради полициската бруталност и расната нееднаквост.

Првиот проблем, НБА лигата го реши така што ја доигра сезоната во „меурот“ во Дизни Ворлд во Орландо, додека во решавањето на вториот проблем помогна поранешниот претседател на САД, Барак Обама.

Убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис, а потоа и ранувањето на Џејкоб Блејк во Кеноша во сојузната држава Висконсин, од страна на полицијата, предизвика масовни протести низ речиси сите најголеми градови ширум САД.

Кошаркарите на Милвоки бакс во знак на протест поради полициската бруталност одбија да излезат на теренот на натпреварот против Орландо меџик во првата рунда од плеј-офот. Потоа и останатите екипи го следеа нивниот пример, а за тоа добија поддршка од челниците на НБА лигата. Протестот траеше три дена по што сите играчи кои останаа во „меурот“ во Дизни Ворлд на Флорида се состанаа за да донесат одлука дали да се продолжи сезоната. Според информациите од самите кошаркари, поголем дел од нив биле да се прекине сезоната за да се сврти вниманието на расната нееднаквост во САД и на полициската бруталност. Сепак, клучниот момент за да се донесе одлука да продолжи сезоната, се случи кога некои од највлијателните играчи имале телефонски разговор со поранешниот претседател на САД, Барак Обама.


Мислам дека беше околу полноќ кога ме повика Крис Пол, претседателот на Унијата на НБА играчите. Покрај него беа уште и Леброн Џејмс, Кармело Ентони и мислам дека беше Расел Вестбрук. Леброн подоцна добро го раскажа тој наш разговор. Протестот е корисен за да се подигне светста, посебно имајќи во предвид на влијанието кое го имаат НБА ѕвездите, а сезоната да се доигра. Мојот предлог беше таа платформа да се искористи за да се сврти  вниманието бидејќи таквите злосторства за жал се случуваат постојано. Работевме на тоа да се отвори канцеларија која ќе работи инцидентите како што беше ранувањето на Џејкоб Блејк да не се случуваат повеќе – изјави Барак Обама за ХБО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот