Како да носите ЦРНА ОБЛЕКА и во текот на летото

црна облека

Иако црната боја се поврзува со ладните денови, но и со тажни моменти, факт е дека е една од најефективните кога се во прашање модните комбинации.

Летото не треба да ве спречи да ја носите својата омилена боја, особено поради тоа што црната им стои на сите, а и лесно може да се комбинира со други бои и дезени.

Ова се три идеи како можете да ја комбинирате и во лето:

Бели патики

Белите патики прават одличен контраст со што и да ги комбинирате – фармерки, здолништа, лежерни фустани, но и неформални костуми. Изберете го моделот што ви одговара. Ако не сакате патики, можете да изберете каков и да е модел на чевли за оваа комбинација.

Шарена марама

Шарените марами ги разигруваат еднобојните модни комбинации. Носете ги на секој начин што ви се допаѓа: и околу врат, во косата, врзани на чантата или наместо ремен. Ги има во секакви бои и дезени, а на вас е да го најдете оној кој најмногу ви одговара.

Впечатлива чанта

Чантите се практичен моден додаток, а вие можете да експериментирате со различни големини и облици, но и со бои и дезени. Прилагодете ја на сопствениот вкус и уживајте во омилената модна комбинација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот