Кај американски сенатор најдени педофилски фотографии во мобилниот (ВИДЕО)

Сенаторот од американската држава Пенсилванија и член на Републиканската партија, Мајкл Фолмер е обвинет за поседување детска порнографија.

Полицијата вчера при претресот на неговиoт дом во градот Лебанон, Пенсилванија во неговиот мобилен нашла детска порнографија.

Властите го одобрија налогот за претрес откако добиле извештај за објавена слика на детска порнографија преку мрежата Тумблр. Понатамошната истрага го поврза корисникот кој ја сподели незаконска содржина со локацијата на Фолмер.

Сенаторот Фолмер беше обвинет вчера за сексуална злоупотреба на деца, поседување на детска порнографија и незаконско користење комуникациски систем.

„Обвинетиот е државен сенатор и му е доверено да ја претставува својата заедница во Стејт департментот во Пенсилванија“, рече јавниот правобранител Џош Шапиро.

„Никој не е над законот, без оглед на нивната позиција и моќ. Јас ќе продолжам да ги штитам нашите деца и да ги изведам пред законот сите одговорни за нивна злоупотреба“, додаде тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот