Кафе со печурки е новиот супернапиток по кој полуде светот

Можеби звучи како чудна комбинација, но секако вреди да се проба.

Сте забележале дека на Инстаграм се почесто и почесто ви излегуваат слики од луѓе кои се целосно воодушевени од кафето или чајот со печурки? Сигурно сте си помислиле дека станува збор за уште еден измислен чудотворен напиток, или нешто е навистина магично?

Судејќи според експертите, одговорот е друго.

Целата постапка за подготовка на кафето со печурки не може да биде поедноставна.

Исушените печурки се варат и од нив се прави екстракт кој потоа се додава на кафето или чајот.

Многумина тврдат дека кафето е многу подобро поради земјестиот вкус на печурките кој совршено се вклопува со неговата арома.

А кога тврдењата дали ова навистина е супер-напиток се во прашање, и тука има многу работи за поткрепа.

Печурките се единствен изор на витаминот Д и одделни витамини од Б групата, кои им недостасуваат на голем број на луѓе.

Покрај витамините, печурките во себе содржат и најголемо ниво на антиоксиданси. Тие помагаат во заштитата на нашето тело од штетите кои можат да придонесат за развој на рак, болести на срцето, Паркинсонова болест и Алцхајмер.

Но тука не е крајот на листата бидејќи печурките се сметаат и за адаптогени. Тоа се супстанци кои му помагаат на телото да излезе на крај со стресот и да го зајакне имунолошкиот систем.

Кафето со печурки може да биде одличен избор за сите кои имаат проблеми со хронични болести и воспаленија, тврдат експертите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот