Фото: Промо

„Кадифена магија“ – предновогодишен концерт на Зарина Првасевда со ексклузивни гости

Зарина Првасевда, со својот величествен, небесен глас ќе одржи предновогодишен концерт на 20 декември 2025 година, во 19:30 часот, во Филхармонија.

На концертот Зарина Првасевда ќе го претстави својот проект насловен „КАДИФЕНО“, а за дополнителната магија на вечерта ќе се погрижат врвни музичари. За првпат во Скопје пристигнува еден од најголемите мајстори на фретлес-гитарата, турскиот виртуоз Џенк Ердоган, како и перкусионистот и мултиинструменталист Ахмет Алан, уметници чија маестралност го освојува светот.

На сцената ќе им се придружат и врвните македонски музичари Андреа Мирчевска и Тони Арслан, создавајќи единствено, кадифено и длабоко музичко доживување.

Фото: Промо

– Во деновите кога годината тивко се затвора зад нас, почувствував силна желба да создадам едно КАДИФЕНО место — меко, топло, свилено по чувство — каде што сите заедно ќе здивнеме, ќе се стоплиме, ќе заокружиме сè што веќе не ни служи, а од убавото ќе понесеме искри за во новата година.

Место каде што музиката ќе ни ги отвори срцата — нежно, искрено, човечки.

Со огромна чест ви најавувам дека ова предновогодишно патување нема да го чекорам сама. На сцената со мене и за прв пат во Македонија ќе бидат волшебниот Џенк Ердоган и маестралниот Ахмет Алан од Турција, како и моите драги соработници, големите Тони Арслан и Андреа Мирческа.

Заедно ќе создадеме концерт поинаков од сè досега — кадифено топол и длабок, полн со онаа тивка магија што само музиката знае да ја донесе – вели Зарина.

Влезниците за овој несекојдневен настан се веќе во продажба преку продажната мрежа на:
Drugastrana.mk.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот