Каде во Европа се пие најмногу алкохол? Во Македонија не се претерува, ние сме на крајот на листата

Фото: Пекселс/ life-of-pix

Потрошувачката на алкохол во ЕУ е намалена за 0,5 литри помеѓу 2010 и 2020 година. Сепак, има неколку земји каде потрошувачката се зголемила.

„Ниту едно ниво на консумирање алкохол не е безбедно за нашето здравје“, предупредува Светската здравствена организација (СЗО). Сепак, количината на алкохол што ја пиеме е сè уште значителна. Ризикот од развој на рак значително се зголемува кога се консумира повеќе алкохол. Здравствените власти ги повикуваат луѓето да престанат да пијат алкохол или барем да го намалат.

Некои луѓе престануваат да пијат алкохол во јануари, и затоа овој месец се нарекува „сув јануари“. Бројките укажуваат на пад на потрошувачката на алкохол во Европа, но тоа забавува од 2000-тите.

Како се промени потрошувачката на алкохол низ Европа во последните децении? Кои земји имаат најголема стапка на намалување и пораст на потрошувачката на алкохол?

Целокупната потрошувачка на алкохол се дефинира како годишна продажба на чист алкохол во литри по лице на возраст од 15 години и повеќе. Алкохолните пијалоци се претвораат во чист алкохол. Податоците не вклучуваат неевидентирано консумирање алкохол, како домашно или нелегално производство, пишува „Јуроњуз“.

Во ЕУ, вкупната потрошувачка на алкохол по лице на возраст од 15 години и повеќе се намалила за 2,9 литри во последните четири децении, паѓајќи од 12,7 литри во 1980 година на 9,8 литри во 2020 година, што одговара на намалување од 23 отсто.

Износот и стапката на намалување се забавија во следните две децении. Во ЕУ во периодот од 2010 до 2010 година падна за 0,5 литри.

Потрошувачката на алкохол во Европскиот регион на СЗО, кој опфаќа 53 земји, вклучувајќи ја Русија и околните земји, падна од 12 литри во 2000 година на 9,5 литри во 2020 година, што одговара на намалување од 2,5 литри (21 отсто). И покрај овој пад, Европскиот регион на СЗО сè уште има највисоко ниво на консумирање алкохол по лице во светот.

Годишно секој човек од 15 години и повеќе во Регионот пие во просек по 9,5 литри чист алкохол. Ова е еквивалентно на 190 литри пиво, 80 литри вино или 24 литри алкохолни пијалоци. Во просек, граѓаните на ЕУ консумирале 9,8 литри алкохол годишно.

На првото место во листата на земји во кои најмногу се консумирал алкохол во 2020 се најде Латвија со 12,1 литар во 2020, потоа следат Чешка со 11,6 литри; Литванија со 11,4; Австрија со 11,3; Бугарија (на 5-тото место) со 11,2 литри. Од земјите во регионот Црна гора е на 14-тото место со 9,91, Словенија на 16-то место со 10,3 литри, Хрватска (20-то место) со 9,6 литри, Србија (30-то место) со 7,45 литри, Грција (34-то место) со 6,3 литри, Албанија (35-то место) со 4,4 литри, Македонија е на 36-тото место со 3,9 литри и Турција на 37-мото место со 1,2.

Фото: Принтскрин/ euronews

Гледајќи ги промените на ниво на земја помеѓу 2010 и 2020 година, потрошувачката на алкохол опадна во 25 земји, додека се зголеми во 11 земји.

Некои забележаа мали промени, но повеќето земји покажаа забележителни промени во овој период.

Потрошувачката на алкохол забележа пад од над еден литар во 14 земји, додека обратно, забележано е зголемување во 5 земји во овој период.

Ирска и Литванија забележаа најголем пад на потрошувачката на алкохол во овој период. Пад е за 2,1 литри во двете земји, а веднаш потоа следат Шпанија и Грција (и двете по 2 литри).

Пад над 1,5 литри забележаа и Холандија, Франција, Кипар и Финска. Количината на намалување е и меѓу еден литар до 1,5 литар во Србија, Белгија, Хрватска, Данска, Швајцарија и Германија.

Во ЕУ, потрошувачката на алкохол се намали за 0,6 литри меѓу 2010 и 2020 година.

Најголем пораст има Латвија каде потрошувачката порасна за 2,3 литри.

Бугарија (1,4 литри), Малта (1,1 литар), Романија и Полска (и двете по 1 литар) исто така покажаа значителни зголемувања. Порастот беше над 0,5 литри во Норвешка, Италија и Исланд. Во Македонија е забележан пораст од 0,4 литри.

Бидејќи потрошувачката на алкохол значително се разликуваше низ Европа, гледањето на процентуалната промена е исто така корисен индикатор.

Грција забележа најголем пад од 24,1 отсто, потоа Холандија (20,9 отсто), Шпанија (20,4 отсто) и Турција (20 отсто).

Стапката на пад беше, исто така, над 15 отсто во Ирска, Србија, Литванија, Финска, Франција и Кипар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот