Јувентус во нови проблеми: Му се заканува и одземање на бодови

фото: EPA-EFE/SIMONE VENEZIA

Во Италија деновиве се крена голема прашина за Јувентус. Претходното раководство предводено од Андреа Ањели мораше да ја напушти „Старата дама“.

Причина се одредени финансиски малверзации во кои беше вмешано поранешното раководство на торинскиот клуб. Фудбалската федерација на Италија, според сите проценки, ќе биде ригорозна кон Јувентус, пренесува „Ројтерс“.

Џузепе Кине, главниот обвинител на Италијанската фудбалска федерација, бара големи казни за Јуве. Ањели би можел да добие 16 месеци суспензија од фудбалот, а поранешниот спортски директор Фабио Паратичи 20.

Најлошото нешто што може да му се случи на Јувентус е да му одземат бодови, а Кине сака тоа да не биде помалку од девет бода.

Единствено непознато е дали на „Старата дама“ автоматски би ѝ биле одземени девет бода или следната сезона во Серија А би ја започнале со минус девет бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот