Јувентус и Атлетико Мадрид подготвуваат размена во стилот на НБА

Алваро Мората/фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Италијанскиот и шпанскиот тим започнаа преговори за евентуална можност да ги разменат напаѓачите, Алваро Мората и Моизе Кин.

Мората минатата сезона ја помина во Јувентус како позајмен играч токму од Атлетико и Шпанецот беше еден од најдобрите играчи на „старата дама“ со девет гола и седум асистенции на 35 одиграни натпревари во Серија А.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри и порачал на управата дека сака да го задржи Мората и следната сезона.

Шпанскиот репрезентативец во септември 2020 година пристигна во Торино на двегодишна позајмица и летово треба да се врати во Атлетико. Јувентус има можност да го откупи договорот на Мората за 35 милиони евра, но управата на „старата дама“ смета дека оваа сума е висока и поради тоа го нуди Моизе Кин во замена за шпанскиот репрезентативец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот