Јувентус експресно ја најде замената за Роналдо

Кин повторно ќе го носи дресот на Јувентус/ фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Тоа што е најавуваше во текот на вчерашниот ден, денеска доби потврда од најрелевантните италијански медиуми, Моизе Кин по две години се враќа во Јувентус како замена за Кристијано Роналдо.

Според новинарот Џанлука ди Марцио, Кин вечерва ќе пристигне во Торино на лекарски прегледи по што ќе потпише договор за двегодишна позајмица од Евертон.

Како што се наведува, Кин до 2023 година ќе се води како позајмен фудбалер од Евертон, а доколку се исполнат одредени услови од договорот, тогаш Јувентус ќе го откупи за 25 милиони евра и веднаш ќе потпише тригодишен договор.

Моизе Кин во 2019 година потпиша за Евертон, но по слабата сезона беше испратен на позајмица каде одигра подобро. Во Јувентус ги помина првите две години во професионалната кариера, од кои втората во 2018/19 ја помина работејќи токму со актуелниот тренер на „старата дама“, Масимилијано Алегри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот