Јуриќ: Исчезнувањето на Данка е однапред смислено и испланирано, мора да се внимава на секој детал

Одговорот каде е малата Данка лежи во Србија, овој случај е однапред испланиран и смислен и затоа мора детално да се истражи – апелира директорот на Центарот за исчезнати и изгубени деца Игор Јуриќ.

„Сигурно е дека Данка не е на теренот кој беше претресен. Многу работи се нејасни, како детето стигнало, како се изгубило, како е можно да немало кола и слично. Тоа се прашања на кои немам одговор. Теренот е темелно пребаран, некој мора да знае нешто. Ова е однапред испланирано, однапред смислено. Клучна е таа возраст од две години, чудно е местото на исчезнување, сѐ укажува на тоа дека морало да се има план за да се случи вакво нешто“, изјави Игор Јуриќ за „Блиц“

Тој се осврна и на снимката од девојчето која одговара на описот на исчезнатата Данка Илиќ, која е снимена во центарот на Виена.

„Девојчето личи на исчезнатата Данка. Сакам да му се заблагодарам на човекот кој го сними, тоа е голем успех за сите нас, успеавме да ги информираме луѓето и во дијаспората. Распишана е потерница, и тоа секако ќе се провери. Се разбира, не смееме да ја исклучиме оваа можност, но мислам дека одговорот е тука во Србија“, рече тој.

Игор Јуриќ вели дека сомнителни се сите околности кои довеле до исчезнувањето на Данка Илиќ.

„Многу сум внимателен. Навистина ми е најголема желба, надеж, семејството да не е вклучено во ова. Мислам дека тоа би било пораз за целото општество. Со оглед на непристапноста на теренот, положбата на автомобилот, како исчезна детето“, вели Јуриќ.

Јуриќ алармира дека секој сомнеж мора да се истражи. Сега, ако се работи за семејство, роднина, тогаш некако не можеш да претпоставиш дека може да му наштети на детето од која било причина, но дефинитивно, не можеме да не се сомневаме додека не се увериме дека тоа не е вистина, објасува директорот Центарот за исчезнати и изгубени деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот