Јунајтед му станува омилен тим за шопинг на Конте

Фото: inter.it

Интер ќе продолжи да носи фудбалери од Манчестер јунајтед.

По Ешли јанг кој дојде во јануарскиот преоден рок и Ромелу Лукаку и Алексис Санчез кои пристигнаа пред сезоната, медиумите во Италија навестуваат дека уште најмалку двајца фудбалер на Манчестер јунајтед ќе се преселат во Интер.

twitter/Manchester United News

Едниот е младиот Тахит Чонг, чие кинеско потекло е одлучувачко за да направи трансфер во Интер. Холанѓанецот со кинеско потекло на лето треба да пристигне во Интер и тоа како слободен играч, а тренерот Антонио Конте ќе одлучи дали ќе го задржи во Интер или една сезона ќе биде пратен на калење во Џангсу.

фото: твитер

Второто засилување за Интер од Јунајтед ќе биде српскиот репрезентативец Немања Матиќ. Тој има клаузула во договорот според која Манчестер јунајтед има право по автоматизам да му го продолжи договорот за уште една сезона, но доколку на лето пристигнат Џек Грилиш и Клинт Медисон, тогаш за очекување е да му биде дозволено на Матиќ да си замине на лето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот