Јунајтед договори еден трансфер, уште два се пред реализација

Тајрел Маласија од следната сезона ќе настапува за Манчестер јунајтед/фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Манчестер Јунајтед тргна во летна офанзива. Следната недела новиот менаџер на „црвените ѓаволи“ Ерик тен Хаг ќе го донесе првото засилување, левиот бек на Феенорд, Тајрел Маласија, а по него треба да се реализираат уште два трансферир.

Како што пренесуваат англиските медиуми Манчестер јунајтед испратил официјална понуда од 43 милиони евра до Ајакс за дефанзивецот Лисандро Мартинез.

Менаџерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг добро ги знае квалитетите на 24-годишниот аргентински стопер бидејќи до минатата сезона му беше тренер во холандскиот тим.

Покрај Мартинез, на „Олд Трафорд“ би можел да пристигне и Кристијан Ериксен кој иако ја одби првата понуда од Јунајтед, Тен Хаг не се предава и ќе се обиде да го убеди Данецот да го смени мислењето и да се пресели во Манчестер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот