Фото: Слободен печат / Драган Митрески / илустрација

ЈП „Улици и патишта“ доби 48 милиони денари субвенции, од нив 25 за „паметен“ зелен бран

Советот на Град Скопје на денешната седница  изгласа субвенции за ЈП „Улици и патишта“ за 2026 година со вкупен износ од 48 милиони денари.

Од нив за набавка на репроматеријали – битумен, нафта и други неопходни материјали – се предвидени 13 милиони денари, со цел навремено и ефикасно одржување, санација и реконструкција на улиците и патиштата, како и непречено спроведување на зимското и летното одржување на сообраќајната инфраструктура. За надминиување на тешкотиите во работењето претпријатието доби 10 милиони денари и уште 25 милиони денари за одржување и оперативни трошоци на Центар за управување и контрола на сообраќај.

На прашањето од советници кави тешкотии во работењето има „Улици и патишта“ в.д. директорот Борис Настов објасни дека од 2024 година работат со блокирана сметка.

Ова се многу скромни субвенции во рамките на можностите што ги имаме и убедени сме дека треба да се зголемуваат кога ќе се создадат услови за тоа. Извршни решенија ни стигаат секој ден, борба водиме за да ја ставиме во кондиција функционалноста на претпријатието, да може нормално да функционира – исклучување од струја, интернет, мобилна телефонија и слично. Ги надминуваме успешно заедно со службите од Градот и правиме некои комбинации за да може да работиме – рече Настов.

Според претседателот на Советот, Даме Димитровски, Град Скопје преку овие субвенции започнува со подобрување на управувањето со сообраќајот преку воведување паметен зелен бран.
Со 25- те милиони денари, наменети за Центарот за управување и контрола на сообраќај, како што напиша на Фејсбук по изгласувањето на оваа одлука  се предвидува унапредување на функционирањето на Центарот, редовно одржување на системите за управување со сообраќајот, како и изнаоѓање нови, паметни и современи сообраќајни решенија поврзани со сигнализацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот