ЈП „Лајка: За една недела заловени се 22 кучиња, 5 кучиња се вдомени

И во текот на оваа седмица во просториите на ЈП „Лајка“ имало посетители, љубители на животните кои сакале да си вдомат милениче и да му дадат топол дом на куче кои пред да биде заловено, талкало гладно и премрзнато низ Скопје.

Од јавните површини во Скопје, за само една недела, екипи на ЈП „Лајка“ заловиле вкупно 22 кучиња.

Имено, според неделниот извештај за работењето на ова јавно претпријатие, за периодот од 07 па се до 13 овој месец, од заловените кучиња кои привремено престојувале во нивните простории, 9 кучиња се кастрирани, 8 се стерилизирани а 11 бездомни кучиња откако ги поминале сите потребни третмани од страна на стручни лица, повторно биле вратени на првичната локација од која биле заловени.

И во текот на оваа седмица во просториите на ЈП „Лајка“ имало посетители, љубители на животните кои сакале да си вдомат милениче и да му дадат топол дом на куче кои пред да биде заловено, талкало гладно и премрзнато низ Скопје. Па така, според неделниот извештај, дури 5 улични кучиња конечно си нашле свој дом.

Во извешајот стои и дека, едно куче било донесено од страна на граѓанин во нивните простории. Во периодот од седми до 13 месецов, според податоците добиено од ова јавно претпријатие, немало ниту едно куче кое угинало или пак било евтаназирано.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот