Јовановски: Досегашните мерки се примарно насочени кон зачувување на нископлатените работни места

-Нашата перцепција е дека Владата се подготвува за креирање на финансиски капацитет што ќе може да ги поддржува економските мерки и во малку подолг временски период, вели главниот советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања.

Откако Владата вчера го објави вториот сет мерки за справување со корона кризата, и по нивното објавување во Службен весник, Стопанската комора на Македонија, ќе направи анкетирање на своите компании членки, исто како што беше случај и со првиот сет мерки, и тогаш ќе може да ги сумира оценките за новите економски мерки, изјави денеска Зоран Јовановски, главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања.

– Во моментов можат да се дадат само некои принципиелни согледувања за вчера објавениот втор сет мерки. Јасно е дека неповолните економски случувања поврзани со коронавирус-кризата негативно се одразуваат на буџетот на државата. Оттаму, станува јасно дека во моментов Владата располага со ограничени финансиски ресурси и тоа е факт што влијае на дизајнот на мерките. Имајќи го предвид овој ограничувачки елемент, споредбите со други земји кои имаат поголем финансиски капацитет, тековен или потенцијален, во суштина не помагаат, смета Јовановски.

Според него, во услови на висок степен на неизвесност за тоа што носи иднината во поглед на рестартирањето на економијата и полнењето на буџетот на државата, нашата перцепција е дека Владата се подготвува за креирање на финансиски капацитет што ќе може да ги поддржува економските мерки и во малку подолг временски период. Тој смета дека тоа значи оти всушност се прави распоред на силите и на финансиските средства.

Јовановски истакна дека досегашните мерки се примарно насочени кон зачувување на нископлатените работни места.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот