Јовановска: Како дел од владата на СДСМ, креиравме мерки и политики кои се во интерес на младите со цел да ги задржиме во Македонија (ВИДЕО)

Економскиот приоритет, демократијата, слободата, правдата и правичноста како и евро-атлантската интеграција е дел од програмата на ПЕП-21. Токму ова помеѓу другите причини е зошто ние сме дел од коалицијата со СДСМ, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Билјана Јовановска, лидер на ПЕП-21.

-Во изминативе три години, како дел од владата на СДСМ, покажавме креирање на мерки и политики кои се во интерес на младите и заедничката цел да ги задржиме младите во Македонија. Програмите и мерките не ги креиравме во канцеларии, туку директно на терен. Тука беа вклучени и невладините организации.

-За разлика од порано, сега нема наредби, желби и притисоци. Сега се функционира без дискриминација, по основ на вера, пол. Сите законски права кои ги имаат граѓаните сега можат да ги добијат подеднакво, изјави Јовановска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот