Јован Митревски ќе биде претседател на Собрание

Јован Митревски, координарот на пратеничка група на СДСМ / Утрински брифинг

Заврши седницата на Извршниот одбор на СДСМ. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, ќе биде претседател на Собранието од 28 јануари. Митрески ќе го замени Талат Џафери, кој 100 дена пред парламентарните избори ќе стане премиер во техничката влада.

Како што кажа партискиот портпарол Дарко Каевски, Митрески е партиски избор за нов претседател на Собранието бидејќи е пратеник со долгогодишно искуство, чесен, вреден и посветен на граѓаните и државата.

„Сигурни сме дека Митрески ќе ја извршува функцијата на највисоко ниво и во интерес на граѓаните“, рече Каевски.

На седницата на Извршниот одбор е донесена одлука за почнување постапка за избор на кандидат на СДСМ за претстојните претседателски избори. Исто така одлучено е шеф на изборниот штаб на СДСМ да биде генералниот секретар Миле Зечевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот