Јотова: Во преговарачката рамка за С. Македонија да се вметнат бугарските барања за Договорот за добрососедство

Илијана Јотова / Фото: МИА

Постојат само две опции за Бугарија да даде зелено светло за преговарачката рамка за Северна Македонија со Европската Унија (ЕУ), со кои треба да се вметнат бугарските барања за почитување на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу двете земји, изјави потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.

– Или ќе инсистираме во преговарачката рамка за Република Северена Македонија да има последно поглавје и за време на процесот на преговори да следиме дали се почитува Договорот за добрососедство или во неа да се вметнат барањата на Бугарија за почитување на Договорот, нагласи Јотова во изјава за Бугарската национална телевизија (БНТ).

Според Јотова, која е членка на опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП), кога настана целиот случај со Република Северна Македонија, немало ниту една земја членка на ЕУ што го поддржа бугарскиот став, што е жално, па Бугарија речиси една година изгубила време да им ја објасни својата позиција на европските партнери и да ги придобие на своја страна.

– Имаме цврста и консензуална позиција со европските институции во врска со Република Северна Македонија. Имаме заедничка рамковна позиција со Владата. Сепак, има пропуст што речиси една година изгубивме да им ја објасниме позицијата на нашите европски партнери и да ги придобиеме на наша страна, нагласи Јотова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот