Јордан Камчев за еден месец два пати позитивен на Ковид-19, одложено рочиштето за „Плацови на Водно”

Сведоците Емил Димитриев, Ирена Мишева, Борче Георгиевски и Лазо Малијански, предложени од одбраната во случајот „Плацови на Водно" беа сослушани во Основниот Кривичен суд.

Јордан Камчев, обвинет во случајот „Плацови на Водно” по втор пат од кога е почнато судењето за овој судски процес е позитивен на Ковид-19. Од оваа причина се одложи и денешното рочиште каде беше предвидено сослушување на повеќе сведоци. Последното рочиште кога обвинетиот Камчев отсуствуваше поради изолација од Ковид-19 беше на 28 јануари.

Случајот за овој предмет го води судијата Илија Трпков а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Според обвинението за овој случај, Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот”. Неговиот кум, Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари”, а поранешениот директор на УБК Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело”.

Продолжи судењето за „Плацови на Водно”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот