Јокиќ: Лука Дончиќ ја заслужува титулата МВП

фото: EPA-EFE/LARRY W. SMITH

Српскиот кошаркар на Денвер нагетс, Никола Јокиќ вели дека Словенецот Лука Дончиќ кој настапува за Далас маверикс би можел сезонава да биде прогласен за најкорисен играч (МВП).

Дончиќ и оваа сезона блеска во НБА лигата, тоа го потврди и на последниот дуел на Далас кој триумфираше токму против Денвер со 107:105 кога постигна 37 поени.

Јокиќ по завршувањето на мечот откри колку навистина го цени Дончиќ на кошаркарски план:

– Мислам дека 100 отсто ја заслужува титулата МВП. Но, тоа не е моја одлука, да бидам искрен – изјави Јокиќ во изјава за „АБЦ“.

Дончиќ сезонава има просек од 34,3 поени, 9,8 асистенции и девет скока. Тој одигра 58 натпревари и е на пат да ги достигне 65-те потребни за да биде во конкуренција за МВП наградата.

Она што не му оди во прилог е позицијата на Далас кој моментално е осми во Западната конференција.

Актуелен лидер во трката за МВП наградата е Јокиќ, за кого тоа би било трето вакво признание. Следуваат Шај Гилџес-Александер и Јанис Адетокумбо, додека Дончиќ е на четвртото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот