Илва Јохансон/ Фото EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Јохансон: ЕУ мора да помогне во извозот на стоки од Украина

ЕУ мора да помогне во извозот на стоки од Украина кои се во застој поради руската агресија, изјави денеска еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон.

„Треба да помогнеме во извозот на стоки од Украина“, рече Јохансон во дискусијата со европратениците за влијанието на руско-украинската војна врз транспортниот и туристичкиот сектор на ЕУ.

„Треба да побараме од транспортниот сектор повторно да и помогне на Украина“, додаде таа.

Украинските аеродроми не функционираат поради руската агресија, дел од брегот на Црното Море е окупиран од руската армија, а патниот транспорт е многу потежок.

Таа се осврна и на туристичката сезона во земјите блиски до Украина

Во тој контекст, Јохансон потсети дека ЕУ ќе биде посредник за склучување на молдавско-украинскиот договор за патен транспорт.

Јохансон го коментираше и влијанието на војната врз туристичката сезона. Таа посочи дека се очекуваат повеќе гости на европско ниво, но постои ризик од помалку пристигнувања во одредени земји во близина на Украина.

Украина Харков
Фото: ЕПА

Сајбер напади и лажни вести

Претходно денеска, европратениците разговараа со европскиот комесар за промоција на европскиот начин на живот Маргаритис Схинас за подготвеноста на ЕУ за сајбер напади по руската агресија врз Украина.

Схинас ја истакна важноста од зајакнување на отпорноста на ЕУ на сајбер напади, особено кога во нејзиното соседство се води сајбер војна. Тој истакна дека Украина бележи десеткратно зголемување на хакерските напади од почетокот на руската инвазија.

Тој, исто така, ги поврза сајбер нападите со „ширење лажни вести“ преку руските државни медиуми, нагласувајќи ја потребата да се спречат проруските јавни личности да заработуваат пари со рекламирање „на нашите платформи“ и да се исклучат руските огласувачи.

Фото: EPA-EFE/KENZO TRIBOUILLARD / POOL

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот