Јелена Спенџарска за секојдневното искуството како инфлуенсер: Не сум социјална служба

Фото: Unsplash

Познатата водителка на утринска програма и инфлуенсерка, Јелена Спенџарска шармира со својот изглед, природна убавина, но и со фактот дека нема влакна на јазикот. Уживаме кога ја следиме на малите екрани, иако во последно време повеќе внимание привлекува преку објавите на социјалните мрежи.


Јелена е активна на социјалните мрежи, особено на Инстаграм каде ја следат повеќе од 45 000 следбеници на оваа популарна мрежа. Профилот на убавата водителка е преплавен со прекрасни фотографии и видеа, како професионални така и приватни фотографии и моменти споделени со бројните фановите.

Последната објава на Спенџарска го привлече вниманието на многумина. Водителката сподели лично искуство поврзано со нејзината работа како инфлуенсер и како сè уште на оваа професија се гледа по потценување во нашата земја. Јелена во обраќањето сподели нејзини искуства, но секако не ги поздрави и своите следбеници кои ја почитуваат нејзината работа на социјалните мрежи.

 

Ви ја пренесуваме нејзината објава во целост:

„Предрасуди – Кога ќе создадеш потполно нереална и невистинита слика за мене, а мене ме „боли уво“ да ја менувам.

Многу луѓе не ти даваат и нема да ти дадат никаква поддршка овде на профилот. Ќе им се допадне сè што прават Тања, Вања и Сања, ама НЕ и ТИ.

И ај тоа нема врска, туку после одреден период, без претходно никакво БРАВО или ЗДРАВО ќе им текне да ти пишаат

– Е, ај сподели го профилот, другарка ми изработува накит!

А, чекај, извини јас на социјална служба да не личам?

Плус, цело време се зборува во негативен контекст за инфлуенсерите, демек ништо не прават, по што се познати па тие?!?

Чисто информативно, луѓето заработуваат одлични суми на интернет, даваат откази од работа за да се занимаваат со Инстаграм, ЈуТјуб и слично. Ако вас нешто не ви е јасно во главата, тоа не значи дека не се случува!

Затоа нареден пат, пред да „исхејтате“ некој овде, пробајте баш спротивното – да бидете барем малку љубезни и да кажете некој убав збор, никогаш не знаете кој ќе ви затреба во животот!

Ви праќам бакнежи на сите добри луѓе кои ме следите овде и кои секогаш сте поддршка и мотивација за сè што правам.

И никогаш не кажавте лош збор, туку полни со добронамерни критики. Вие сте ми инспирација!“ – напиша Јелена во опширното обраќање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот