Јелена од „Преспав“ стана мајка: Во Загреб се роди нејзиниот прв син

Instagram

Македонската актерка Јелена Јованова, која на нашата публика и е најпозната по улогата на Јелена од Драчево во комичната серија „Преспав“, во болница во Загреб го роди своето прво дете.

Јелена во 2015 година се омажи за хрватскиот колега Стјепан Периќ, со кого се запознаа на заедничкото снимање на серијата „Тајни“.

Instagram

Многу пријатели и колеги и го честитаа раѓањето на првото бебе, а еден од нив беше и Игор Џамбазов, кој на Инстаграм објави фотографија со Јелена, а во опис на фотографијата напиша:

„Јеленче стана мааааммаааа!!! Драчево е на нозе! И Хрватска по малце…“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот