„Јас сум добро, страв ми е за децата“: Бугарскиот обвинител Гешев бил со сопругата и ќерките кога пукнала бомбата

Главниот бугарски обвинител Иван Гешев се огласи по денешниот обид за атентат на патот кон Самоков, откривајќи дека со него во моментот на експлозијата било и неговото семејство.

„Добро сум. Се плашам за децата!“ – кусо одговорил Гешев на барањето за негова изјава од новинарка на агенцијата „ПИК“ по денешниот драматичен настан, во кој, за среќа, нема повредени.

Експлозијата се случила околу 11:45 часот на патот Софија – Самоков, кај селото Ковачевци.

Според информациите на ПИК, покрај обвинителот, во колоната биле и неговата сопруга Детелина Ханчева и нивните ќерки Ивет и Далија.

Експлозивната направа експлодирала пред еден од автомобилите во поворката на јавниот обвинител. И покрај првичните информации дека е повреден обезбедувач на Иван Гешев, главниот секретар на МВР Петар Тодоров соопшти дека нема повредени.

Кој сакал да го убие главниот обвинител на Бугарија? Обидот за атентат наликува на оној врз Киро Глигоров

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот