ЈАР бара од Британија да ѝ го врати најголемиот дијамант на светот по повод крунисувањето на Чарлс Трети

дијаманти
Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Јужна Африка побара од Велика Британија да и биде вратен најголемиот дијамант на светот, централниот дел на жезолот што британскиот монарх, кралот Чарлс Трети, ќе го држи на утрешната церемонија.

„Кулинан“, (именуван по тогашниот менаџер на рудникот), познат и како „Ѕвездата на Африка“ со тежина од 530 карати, бил пронајден во Јужна Африка во 1905 година, кога била британска колонија. Две години подоцна, тогашната колонијална влада му го подарила каменот на кралот Едвард Седми за неговиот роденден.

„Целото минерално богатство на Јужна Африка му припаѓа на јужноафриканскиот народ, а не на британската палата“, изјави вчера пратеникот Вујолвету Зунгула, претседател на мала опозициска партија. „Луѓето умираа, се пролеваше крв за да се донесат тие дијаманти во Велика Британија“.

Дијамантот „Кулинан“ од 3.126 карати е најголемиот дијамант некогаш ископан и тежок речиси 620 грама. Испратен бил во Амстердам каде бил поделен на два големи главни камења, седум скапоцени камења и 96 брилијанти.

Многу од овие дијаманти денес ја красат кралската круна, а други им биле поделени на другите членови на кралското семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот