Јапонска кајгана: Како да ги подготвите највкусните јајца на светот

Воздушеста текстура и неодолив спој на вкусови…

Состојки:
4 јајца,
1 лажица оризово вино за варење,
2 лажички соја сос,
прстофат шеќер,
малку супа од кесичка разматена во малку врела вода (доволна е една лажичка),
малку путер.

Подготовка: Јајцата, виното од ориз, шеќерот и малку супа разматена во вода помешајте ги во сад, но водете сметка да не се направи пена.

Во тавче растопете малку путер на средна температура и сипете отприлика една третина од смесата.

Кога смесата малку ќе се стегне, со помош на стапчиња „намотајте“ ролат кон средината. На празниот простор во тавчето сипете половина од преостанатата смеса, а кога ќе се зацврсти, преполовете го повторно ролатот.

Повторувајте се додека не ја потрошите целата смеса од јајца.

Водете сметка јајцата да бидат доволно испржени.

По желба, додека смесата од јајцата е уште ровка, изрендајте малку кашкавал, пармезан или сирење – ќе биде уште повкусно.

Погледнете го целиот процес на подоготовка:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот