Јапонците ја решија мистеријата на Бермудскиот триаголник: Откриено што ги потопувало бродовите (ВИДЕО)

Бермудскиот триаголник, познат и како Ѓаволски триаголник, е слабо дефиниран регион во Северниот Атлантски океан, каде исчезнале низа летала и бродови. Исчезнувањата им се припишувани на гусари, паранормални појави па дури и на џиновски октоподи …

Меѓутоа, во 2005 година морските биолози Цунеми Кубодера и Киоичи Мореи снимиле џиновски лигњи во тие води, кои агресивно ги напаѓале мамките.

„Во октомври 2005 година, јапонските научници открила шокантно откритие на брегот на Токио, во близина на островот Бонини. Џиновска лигња долга околу 9 метри. Научниците од Јапонскиот национален музеј за наука го идентификувале тоа суштество како Архотетеус – редок вид кој го напаѓа мамката со екстремна сила и насилство”.

Бермудскиот истражувач Роб Симон смета дека откритието докажува дека нешто слично може да се случува во бермудските води. Тој во 2007-ма година рекол: “Легендата за џиновските лигњи не е легенда – тие постојат – некои од нив се долги повеќе од 150 метри, ако можете тоа да го замислите. Не знаме што се наоѓа во длабочините на океанот, ова џиновско суштество би можело да биде посебно за овој дел на океанот. Можеби неговиот извор на храна е таму, не знаеме, но тоа би можело да го објасни мистериозното исчезнување на некои бродови”.

Др. Џеф Марлиаве, експерт за октоподи од Аквариумот во Ванкувер, објаснил зошто октопод не би можел да живее во таа вода. Меѓутоа, тој не ја исклучил можноста за џиновски лигњи, додавајќи: “Џиновски октоподи се јавуваат само во североистичниот Тихи океан, видот на октопод кој би можел да се јави кај Бермудскиот триаголник би бил многу мал вид и би се наоѓал во близина на брегот”.

Сепак, секако не во централниот дел на Бермудскиот триаголник, кој во основа има песочно дно. “Сега кога луѓето зборуваат за џиновски октоподи кои напаѓаат чамци, тоа веројатно потекнува од тие многу стари приказни од времето на истражувањата со едреници, кога со гравури биле прикажани некакви животни кои напаѓаат мали чамци”, наведува тој.

„Најверојатно ова не е октопод, единствен вид кој би можел да нападне мал чамец е џиновска лигња”, се заклучува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот