Јанков: Чест и задоволство е да се биде дел од репрезентацијата

фото: ФФМ

Голманот на Работнички, Ристе Јанков е единствениот дебитант во фудбалската репрезентација на Македонија на стартот од квалификациите за СП 2022 година во Катар. Јанков не е без репрезентативно искуство, 22-годишниот голман е доскорешен член на младата репрезентација до 21 година.

– Чест и задоволство е да се биде дел од оваа селекција. Многу сум благодарен за поканата и ќе дадам максимум на секој тренинг. Сега треба само да се подготвиме за да направиме нов голем резултат. Веќе оваа селекција го покажа тоа дека може да се носи со сите и верувам и убеден сум дека и сега ќе ја оствариме нашата цел. Со самото тоа што се пласиравме на ЕП ние докажавме дека имаме квалитет и тоа е неспорно. Секако дека мотив повеќе е да се направи нов голем историски успех, а јас убеден сум дека секој ќе даде максимум. Одиме од меч во меч, а на секоја средба треба да се даде максимумот, зашто секој натпревар е важен и да се освојуваат бодови, како со подобрите, така и со помалку квалитетните селекции – изјави Јанков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот