Јанчева: Поднесовме иницијатива за вонредна седница на Советот на Град Скопје за помош за настраданите во несреќата во Бугарија

Љубица Јанчева / Утрински брифинг

Советничката група на СДСМ, ДУИ и коалицијата во Советот на Град Скопје, денеска достави барање за свикување на итна седница на Советот.

Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, во име на советничката група на СДСМ, ДУИ и коалицијата во Советот на Град Скопје изрази сочувство кон семејствата на починатите во тешката несреќа што се случи во Бугарија.

На седницата, единствена точка на дневен ред би била помошта кон семејствата на нашите сограѓани кои загинаа во страшната автобуска несреќа во Бугарија.

„Го поздравуваме предлогот да се обезбедат два милиони денари за помош на семејствата на настраданите, секако треба да се види можноста тој износ дополнително да се зголеми. Сепак, не треба да се чека редовната седница на Советот, туку тоа може да се обезбеди и со вонредна седница за што денеска како советничка група поднесуваме иницијатива. Скопје е град на солидарноста, град кој подава рака секому кому му е потребна помош така е и сега, без да ги делиме луѓето по верска и етничка припадност. Денеска политиката ја оставаме на страна, повикуваме на сплотеност за што побрзо да им помогнеме на нашите сограѓани. Во несреќата во Бугарија загинаа 45 лица, огромен дел од нив се скопјани и скопјанки. Веруваме дека оваа иницијатива ќе биде прифатена и дека седницата ќе се одржи што поскоро за помошта до погодените да стигне што побрзо“, изјави Јанчева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот