Јанчева: Градоначалничке дајте си оставка, ослободете го градот!

Љубица Јанчева / Утрински брифинг

Без присуство на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и на директорката на ЈП „Комунална хигиена“ Косана Мазнева, денеска градските советници одржуваат вонредна седница посветена на актуелната состојба во комуналното претпријатие, со предлог мерки за итно и неодложно дејствувањее на Град Скопје заради надминување на можноста за појава на потенцијална еколошка катастрофа и епидемија на заразни болести.

Арсовска за своето отсуство не го известила претседателот на Советот Трајко Славески, а наместо информација за состојбите до него упатила краток одговор дека Скопје се чисти, екипите се на терен и состојбата е нормализирана.

Однесувањето на Арсовска како крајно неодговорно го оцени координаторката на советничката група на СДСМ, Љубица Јанчева, која нагласи дека ова за првпат се случува дејноста за кое е основано претпријатието пред 79 години да не се извршува. Таа потсети дека како советници гласале за инвестиционата програма на ЈП „Комунална хигиена“ за сега да се случува катастрофа. Јанчева ја осуди постапката на градоначалниците кои го истурија ѓубрето на јавна површина, но уште повеќе директорот на ЈП „Дрисла“ кој, како што рече, ги послушал наредбите на градоначалничката и не дозволил сметот што со камиони го донесоа градоначалниците да се депонира во депонијата.

 Градоначалничке Арсовска, заминете си, дајте си оставка, ослободете го  градот додека не сме доживеале уште поголема еколошка катастрофа – рече на крајот од своето излагање на говорницата Јанчева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот