Јанакиески дојде слободен на рочиштето за ТНТ

Миле Јанакиески
Миле Јанакиески /Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во придружба на адвокатот, обвинетиот Миле Јанакиески пристигна на судското рочиште за предметот ТНТ. Вчера беше укинат притворот на Јанакиески кој трае веќе цели 3 години, а тој е обвинет за повеќе дела.

Денеска тој дојде без полициска придружба, но на прашањето што се случува во врска со неговиот притвор кратко одговори.

Обвинителката Вилма Русковска најави дека ќе бара притвор поради можност за бегство на Јанакиески бидејќи има повеќе обвиненија и првостепена пресуда од 6 години и 3 месеци затвор за организација на собраниските насилства на 27-ми април.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција не било информирано за укинатиот притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот