Фото: Промо

Јала Брат и Буба Корели со концерт во Скопје ќе ја започнат турнејата која ќе се одржи во 10 европски градови

Јала Брат и Буба Корели од Босна и Херцеговина, доаѓаат во Скопје. На 29 ноември, во СЦ „Јане Сандански“, регионалните хип-хоп титани ќе приредат аудиовизуелно шоу што ќе ги помести сите граници и ќе ја крене македонската публика на нозе.

Со години на врвот на балканската сцена, со безброј хитови и милионски прегледи, Јала и Буба ја стартуваат големата „ГОАТ Тур“ во чии рамки ќе посетат повеќе од 10 европски метрополи. По концертот во Скопје ќе следуваат настапите во Штутгарт, Загреб и други градови.

Ова нема да биде само концерт, ова ќе биде искуство за сите сетила, со моќна продукција, организација и спектакуларно осветлување со потписот на „Скајмјузик“, и,се разбира, сцена која ќе го претвори Скопје во епицентар на балканската урбана музика.

„Возбудени сме заради нашата концертна европска турнеја за време на која ќе посетиме повеќе од 10 града. Особена чест ни е што проектот го отвораме со голем солистички концерт во Скопје. Се радуваме што ‘GOAT TOUR’ почнува!“, велат момците.

Влезниците ќе бидат во продажба преку мрежата на wayin.m.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот