Јаболковиот оцет во служба на убавината: Исчистете го телото од токсини и хидрирајте ја кожата

фото: пексел

Кујната стана нов извор на средства за убавина и нега. Јаболковиот оцет е еден од многуте производи кои можете да ги користите за таа цел.

Тој влијае на циркулацијата на малите капилари, има антисептични својства кои го спречуваат настанувањето на бактерии и вируси на кожата и може да се користи како средство за чистење на кожата.

Тоник – темелно ќе ја исчисти кожата и ќе го намали воспалението. Особено се препорачува ако имате псоријаза или акни. Само ставете неколку капки јаболков оцет на памук и поминете го лицето.

Маска за лице – комбинирајте еднаков дел јаболков оцет и лековита глина (ако не можете да најдете тогаш земете сода бикарбона). Тоа ќе ви го исчисти лицето и детоксицира кожата. Маската треба да ја ставите на кожата да дејствува најмалку 10 минути пред да ја измиете со вода.

Антиперспирант – ова може да се чини како чудна препорака, но многу е делотворна. По нанесување под пазувите, оставете да се исуши и мирисот ќе се неутрализира.

Габички и слично – едноставно нанесете го на зафатените делови два пати дневно. Малку ќе пецка, ама ќе ги отстрани и најтврдокорните габички. Ако го користите овој рецепт за деца, разредете го со вода во ист сооднос.

Изгореници од сонце – премногу сонце, дури и со креми за сончање, може да предизвика изгореници. Разредете оцет со вода и намачкајте на зафатените подрачја. Исто така можете да ја наполните кадата со млака (поладна) вода и да ставите внатре еден филџан јаболков оцет, па да седите во таа вода 10тина минути.

За детоксикација – наполнете када со топла вода и ставете два филџани јаболков оцет. Лежете во таа вода неколку минути- телото ќе се исчисти од токсини, кожата ќе се затегне и хидратизира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот