Ја нервираат гласините дека се дрогирала: “Никогаш во животот не сум земала хероин”

Британскиот супермодел и една од најуспешните манекенки на сите времиња наводно драматично го променила својот животен стил пред 18 месеци, па оттогаш е трезна, а гласините за нејзината тешка зависност страшно многу ја нервираат.

Кејт Мос (45) е на вистински пат на закрепнување, но постојано слуша зли коментари, се пожали таа во интервјуто за “The Sun“

“Никогаш во животот не сум земала хероин. Се продаваа маици со натпис “Кејт е наркоманка” и ми се случуваа ужасни работи. Ми доаѓаше да си кажам на себеси: “Можеби би било подобро да сум навистина на хероин”, изјавила таа.

Кејт Мос се прослави во 90-тите години, а во 2005 година компанијата “H&M” го раскина договорот со неа поради обвниненијата за поседување на наркотици.

Во тоа време била во врска со британскиот рокер Пит Доерти (40). Иако тврди дека никогаш немала проблеми со тешките дроги, Мос своевремено била на рехабилитација поради алкохол.

Прекрасно лице со проблематична приказна

“Мислев дека алкохолот ќе ме извлече, се наоѓав во лош период. Цел мој начин на живот ме правеше несреќна, а пијалакот не ми помагаше во тоа. Побарав помош кога сфатив дека повеќе немам контрола над својот живот”, истакнала таа во интервјуто.

Нејзините пријатели тврдат дека Кејт е моментално нова жена и многу подобра верзија од себеси, како и дека одлучила да се фокусира на своето здравје многу повеќе, особено по прераната смрт на неколку нејзини најблиски пријатели.

“Таа е фокусирана, професионална и зрачи со здравје. Сите се вчудоневидени колку добро ѝ оди без алкохол со оглед на тоа каква беше претходно”, раскажал за “The Sun“ извор близок до манекенкат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот