Ја купил како тинејџер за 58 фунти: Гитара на Џорџ Харисон продадена на аукција за повеќе од милион долари
Гитара која Џорџ Харисон ја купил како тинејџер за 58 фунти, е продадена на аукција за повеќе од еден милион фунти.
Препорачано
Гитаристот на „Битлси“ ја купил електричната гитара „Футурама“ во 1959 година во Ливерпул, како 16-годишен електричар, а истата била платена на 44 рати со помош на неговата мајка. Истата гитара била ставена на аукција во средата во Нешвил, Тенеси и продадена за 1,27 милиони долари, двојно повеќе од нејзината проценка.
Мартин Нолан, управен директор на акциската куќа „Џулиен“, рече дека ова го соборило рекордот за најскапа гитара на Џорџ Харисон некогаш продадена.
„Легендарната гитара на Харисон, една од најважните во историјата на рокенролот и клучна за звукот на ‘Битлси’, повторно стана дел од историјата на денешната аукција“, нагласи тој.
„Ние сме повеќе од среќни што сега ја додаваме во клубот од милиони долари на ‘Џулиен’, заедно со оние на Џон Ленон, Ерик Клептон и Курт Кобејн“, додаде тој.
На почетокот на оваа година, аукциската куќа продаде акустична гитара на Ленон за три милиони долари, а претходно уште една негова акустична гитара за 2,4 милиони долари.
Гитара на Џон Ленон продадена на аукција за рекордни 2,67 милиони евра


