Извршната директорка на ММФ: Трошете колку што можете повеќе, а потоа потрошете уште малку повеќе

epa08172604 Kristalina Georgieva (C), Managing Director of the International Monetary Fund is welcomed by European Commission President Ursula von der Leyen (not seen), for a Signature of a Financial Framework Partnership Agreement between the European Union and the IMF at the European Commission in Brussels, Belgium, 28 January 2020. EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Креаторите на политики ширум светот треба желно да прифаќаат зголемување на трошоците за да помогнат во заживување на нивните погодени економии, изјави денеска шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева на годишниот руски економски форум Гајдар.

Извршната директорка на ММФ не даде никакви специфични економски предвидувања, но јасно стави до знаење дека сака владите да ги зголемат трошоците и повтори дека меѓународно синхронизиран пристап кон решавање на проблемот е најдобар за раст.

ФЕД: Економската криза од коронавирусот е поразлична од Големата депресија

– Во 2020 година, ММФ обезбеди финансиска поддршка за 83 земји, рече Георгиева.

Таа додаде дека од аспект на сегашната политика, уште од март 2020 година апелира до земјите да трошат повеќе, што е многу невообичаено за ММФ.

– Трошете колку што можете повеќе, а потоа потрошете уште малку повеќе. Продолжувам да се залагам за прилагодување на монетарните и фискалните мерки што ги штитат економиите од колапс во време кога со причина ги ограничуваме и производството и потрошувачката на населението, рече шефицата на ММФ.

АНАЛИЗА Кој колкав пакет стокми во Европа: Македонија излезе најголем циција за економска помош во услови на коронакриза

Таа, исто така, повика на поголема меѓународна соработка во напорите за дигитален и зелен раст, како што беше случај за време на активностите за развој на вакцини против коронавирус.

– Вработените во ММФ пресметаа дека комбинираните фискални стимулации на Групата 20 најразвиени економии во светот во областа на зелената инфраструктура, доколку се направат на координиран начин, ќе донесат за две третини поголем раст отколку ако секоја земја го направи тоа сама, рече Георгиева.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот