Израел со трета вакцина ќе ги вакцинира и лицата постари од 50 години

Израел ковид / Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Израел ја спушти границата за примање на третата, „бустер“ вакцина од 60 на 50 годишна возраст, која ќе биде понудена на сите здравствени работници, како би се спречило ширењето на делта сојот, пренесува Ројтерс. 

Генералниот директор на министерството за здравство на Израел, Нахман Аш, ја прифати препорака на израелските експерти за проширување на вакцинирањето со трета доза со вакцините Фајзер/Бионтек. 

„Лицата кои можат да ја примат третата доза треба да се постари од 50 години, здравствени работници, луѓе со слаб имунитет, затвореници и вработените во затворите“ се вели во соопштението на министерството. 

Засега во Израел има повеќе од 700 илјади полнолетни лица кои примиле трета доза, а израелските здравствени домови од денес почнаа да закажуваат термини и за лицата постари од 50 години. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот